Според најновите податоци од нашата платформа Opinia.Club за последниот квартал од 2025 година, повеќе од половина од граѓаните забележуваат пад во квалитетот на нивниот живот во споредба со периодот пред пандемијата.
Резултатите од неодамнешното онлајн истражување покажуваат дека дури 52% од граѓаните на Северна Македонија се согласуваат со тврдењето дека животот денес е полош отколку пред 2020 година. Ова истражување е спроведено од страна на агенцијата VALICON во текот на ноември 2025 година, на репрезентативен примерок од 515 испитаници на возраст од 18 до 75 години.
Ви благодариме на сите панелисти кои учествуваа во анкетата! Вашите искрени одговори ни помагаат да добиеме јасна слика за моменталните општествени трендови и расположението во нашата земја.
Вашето мислење е секогаш важно!