Политика за приватност Opinia.Club панел

Последна промена: 20.08.2024

Политиката за приватност одредува како Valicon d.o.o, со адреса: Копитарјева улица 2, 1000 Љубљана, Р. Словенија, регистарски број: 5997135000 ги стекнува, чува и користи Вашите лични податоци. Датумот на стапување на сила на политиката за приватност е 01. 08. 2024. Оваа политика за приватност се однесува на Вашето учество во веб панел Opinia.Club (понатаму: "Панел").

Ве молиме внимателно да ја прочитате нашата политика за приватност. Ви препорачуваме, соодветно да зачувате или испечатите копија од оваа политика за приватност и сите идни верзии кои се однесуваат на согласноста што ни ја давате.

1. За нас

Контролор на вашите лични податоци е Valicon d.o.o, Копитарјева улица 2, 1000 Љубљана, Р. Словенија, регистарски број: 5997135000 (понатаму: "Valicon").

Тимот кој е одговорен за заштита на податоците можете да го контактирате на [email protected]. Во случај да имате било какви прашања, ќе бидеме среќни да Ви одговориме.

2. Како ги добиваме вашите податоци

Вашите лични податоци ги добиваме преку нашата веб-страница www.opinia.club или преку мобилната апликација Opinia.Club. Податоците го добиваме кога го изразувате својот интерес за приклучување во панелот и ги пополните Вашите податоци во формуларите и прашалниците кои Ви ги испраќаме.

3. Видови на лични податоци, цел за обработка и правна основа

Може да ги обработиме следните категории на Вашите лични податоци:

3.1. Основни лични податоци

Врз основа на регистрацијата и пополнувањето на Вашиот профил ние ќе ги обработиме Вашите: е-маил адреса, телефонски број или други контактни информации како име, презиме, адреса и податоци потребни за исплата на наградата (даночен број, лична идентификација, број на банкарска сметка, итн).

На Valicon му се потребни податоци за:

  • Комуникациски цели: испраќање веб прашалници преку e-mail и испраќање награди (картички за подарок),
  • Исполнување на даночни обврски,
  • За рутинско обезбедување на квалитетот и спречување на измами, на пример, откривање на повеќе регистрации на истиот корисник, кој користи повеќе (лажни) идентитети,
  • Точноста на основните лични податоци периодично се проверува во рамките на независна анкета или во рамките на други истражувања.

Правна основа за таа обработка е извршување во договорот (Услови за учесници) – 6.1.b) GDPR. Ако не ги споделите овие податоци, не можеме да ги исполниме обврските поврзани со условите на учесниците.

3.2. Социодемографски податоци

По приклучувањето во панелот, и како дел од други истражувања, се собираат одредени општи социо-демографски податоци како што се: година на раѓање, пол, приход, големина на домаќинството, број на деца, брачна состојба итн. Во прилог на основните, исто така собираме и посложени социо-демографски податоци како што се:

  • податоци за корисничките навики и преференции, кои се однесуваат на сите видови на медиуми, но не ограничувајќи се на стоки за широка потрошувачка, основни стоки, патување и рекреативни активности, како и податоци за вашето користење на уреди поврзани на интернет.
  • информации за односи и ставови, можно потекло на имигранти и здравствен статус (види го делот подолу "чувствителни податоци").

Ги користиме наведените податоци за следниве цели:

  • за избор на примероци, кога веб анкетите се наменети за специфични целни групи,
  • да се обезбеди квалитет и конзистентност на одговорите и да се спречи измама,
  • покрај тоа, ги користиме Вашите лични податоци во псевдонимизирана форма како статистички атрибути, на пример информации за Вашиот пол, старосната група на која припаѓате во зависност од годината на раѓање и земјата/регионот на кој припаѓате, во зависност од Вашиот поштенски број и ткн. На овој начин, на пример, можеме да им пријавиме на клиентите колку мажи или жени во одредена старосна група, од одреден регион на земјата, дале одредени одговори на одредени прашања во одредено веб истражување.

Правна основа за таа обработка е извршување на договорот (Услови за учесници) – 6.1.b) GDPR. Ако не ги споделите овие податоци, ние не можеме да ги исполниме обврските поврзани со условите на учесниците.

3.3. Податоци од анкети

Податоците од анкетата се одговорите кои ги давате во веб анкетите. Податоците ги обработуваме во псевдонимизирана форма и ги обработуваме одделно од основните лични податоци.

Податоците од анкетата ги користеме, за истите да ги пријавиме како резултати во анонимна форма, на нашите клиенти, кои не овластиле да имплементираме проекти за истражување на пазарот. "Анонимна форма" значи форма која не му дозволува на клиентот или друг примач на податоци, да го препознае Вашиот идентитет. Резултатите од анкетата, ги презентираме на клиентите во збирна форма, на пример во форма на резиме на процентот на мажи и жени во одредена старосна група кои дале одредени одговори во одредено истражување, итн.

Правна основа за таа обработка е извршување на договорот (Услови за учесници) – 6.1.b) GDPR. Ако не ги споделите овие податоци, ние не можеме да ги исполниме обврските поврзани со условите на учесниците.

3.4. Чувствителни податоци

Како дел од социо-демографските податоци и податоците од анкетите, може да собереме посебни категории на Вашите лични податоци. Чувствителните податоци се однесуваат на лични податоци кои откриваат националност, политички убедувања, религиозни или филозофски убедувања, членство во унијата, здравје и сексуална ориентација.

Собираме и користиме чувствителни податоци само до степен кој е потребен за специфична цел на одредено истражување, на пример, спроведување на истражување околу предвидувања на избори на политички партии. Податоците за здравствениот статус на членовите на панелот се користат доколку клиентот сака да спроведе истражување меѓу пациенти со дијабетес, или во одредено истражување да покани да учествуваат само луѓе кои на пример, имаат нетолеранција на лактоза.

Во случај да треба да обработиме чувствителни податоци, ќе побараме Ваша согласност. Тоа ќе биде правна основа за обработка на Вашите чувствителни податоци.

3.5. Обработка на лични податоци на деца

Членството во панелот е ограничено, односно членовите на панелот мора да бидат постари од 16 години. Доколку откриеме дека случајно сме собрале информации за дете, истите веднаш ќе ги избришеме.

3.6. Збирни карактеристики на Вашиот веб пребарувач

Како дел од индивидуалните проекти за истражување на пазарот извршени со помош на веб анкети, исто така, собираме и други податоци, кои ги добиваме со помош на алатките за автоматска обработка на податоци.

Ги поврзуваме Вашите индивидуални анонимни податоци за пребарување на веб страни на интернет со податоци од анкетите или други лични податоци, како што се пол, возраст итн. Примарната употреба на податоците е на збирно ниво, и на таков начин се анализира однесувањето при прелистување на веб страните, како на пример досегот на одредена веб страница во рамките на одредена целна група, кој досег, може да се утврди само со користење на лични податоци (на пример, мажи, на возраст од 20 до 40 години) или со избрани податоци од анкетата (на пример, корисници на одреден бренд) или на пример демографска структура на одредена веб страница.

Врз основа на анализата на збирни индикатори за онлајн однесување, што е специфично за одредена целна група, може да се развие и предвидлив модел (секундарна употреба) кој овозможува да се предвиди дали поединецот припаѓа на одредена целна група или не, врз основа на познатиот модел на онлајн однесување на поединечен корисник на интернет. Оваа информација - предвидлив модел - се пренесува до провајдерите на онлајн рекламирање или други трети страни кои се во можност да ги користат моделите, кои, врз основа на ова, доделуваат реклами на претставници на таа целна група, наместо на сите интернет корисници.

Податоците не се користат или посредуваат на ниво на поединец во било која фаза од овој процес или во било кој друг случај.

Правна основа за обработката за горенаведените цели е извршувањето на договорот (Услови за учесниците) – 6.1.b) GDPR.

3.7. Анонимна форма на податоци

Користиме псевдонимизирана или анонимна форма на податоците, за статистички и истражувачки цели, со цел да се развијат аналитички модели, концепти за истражување и бизнис модели.

Правна основа за обработката за горенаведените цели е извршувањето на договорот (Услови за учесниците) – 6.1.b) GDPR.

4. Период на чување, и обработка на лични податоци

Valicon, податоците на членовите на панелот ги чува на сопствени сервери. Податоците ги чуваме 5 години по затворањето на корисничката сметка, освен податоците за откупените награди, кои мора да се чуваат 10 години во согласност со даночното законодавство.

5. Приматели на личните податоци

Во принцип, не ги препраќаме Вашите лични податоци на никого, освен на корисниците на лични податоци според ГДПР.
Вашите податоци ќе бидат обработувани од страна на нашите подизведувачи кои се поврзани со нас во однос на нашето обезбедување на услуги, како што се нашите филијали и провајдери на информациски системи - сопствени решенија и комуникациски технолошки услуги. На пример, може да ги пренесеме личните податоци на подизведувачи за услуги за обработка на податоци или да Ви испраќаме информации кои сте побарале или да спроведеме интервјуа за проекти за истражување на пазарот. Таквите податоци ќе бидат пренесени или достапни само до степенот кој се бара од специфичната цел. Овие податоци нема да се користат за други цели, особено не за сопствени цели или за потребите на трети лица. Кога ги споделуваме личните податоци, тоа го правиме доследно врз основа на потребата да се знае, предмет на соодветни ограничувања на доверливост, на анонимна основа до степенот кој е межен, и само до степен кој е строго потребен за било која од овие цели.

Спроведувајќи ги нашите законски права и во согласност со законите, прописите и другите законски барања, ќе ги споделиме Вашите податоци со државните органи врз основа на нивното образложено писмено барање за потребите на спроведување на одредена постапка во рамките на нивната надлежност или до државните органи во случај на легитимен интерес, како што е поднесување кривична пријава во случај на сомневање во кривично дело.

6. Како ги штитиме Вашите лични податоци

Превземаме соодветни технички и организациски мерки за да ги заштитиме Вашите лични податоци и да ги заштитиме од неовластена или нелегална употреба или обработка како и од случајна загуба или уништување или оштетување, вклучувајќи:

  • принцип на минимална количина на податоци и обработка на псевдонимизирана форма, кога и да е можно;
  • обука на нашиот тим за важноста на доверливоста и одржување на приватноста и безбедноста на податоците;
  • посветеност да се преземат соодветни дисциплински мерки за спроведување со одговорностите за приватност на вработените;
  • континуирана и сеопфатна модернизација како и тестирање на нашата безбедносна технологија;
  • спроведување внимателен и одговорен избор на подизведувачи;
  • користиме безбедни сервери за чување на Вашите лични податоци;
  • во тимот има овластено лице за заштита на личните податоци;
  • со барање доказ за идентитет, од секое лице кое бара пристап до лични податоци.

7. Како користиме „колачиња“ и слична технологија

Кога ги користите www.opinia.club или Opinia.Club мобилната апликација, ние ги вчитуваме „колачињата“ од Вашиот пребарувач. Во правна смисла, „колачињата“ се сите податоци кои се зачувани на Вашиот компјутер и кои ни се потребни за функционирање на нашите услуги. Поголемиот дел од времето, користиме „колачиња“ за да го потврдиме и задржиме Вашето корисничко име или да ги зачуваме Вашите поставки и безбедност. Тие „колачиња“ не можете да ги исклучите и тие се неопходни за работењето на нашите услуги, затоа нивната употреба е условна според договорот.

Доколку сте ни дале дозвола да инсталираме аналитички и маркетинг „колачиња“, ние исто така ќе ставиме дополнителни колачиња.

Обработката на лични податоци со колачиња е попрецизно опишана во Политика за колачиња.

8. Меѓународен трансфер на лични податоци

Доколку ги пренесеме Вашите лични податоци надвор од ЕУ, тоа ќе го направиме по внимателно разгледување на соодветните правни основи и заштитни мерки, како што се:

  • за трети земји, Европската комисија издаде одлука за адекватноста на нивото на заштита на податоците;
  • со прифатени или одобрени стандардни одредби за заштита на податоците;
  • со одобрен кодекс на однесување и прифатена обврска во однос на правата на лицата на кои се однесуваат личните податоци.

9. Права на лицето со кое се поврзани личните податоци

Би сакале да Ве потсетиме на следниве права, во врска со вашите лични податоци, кои можете да ги искористите со испраќање на e-mail на [email protected] .

  • да побарате пристап до Вашите лични податоци, како и информации за употребата и обработката на Вашите лични податоци;
  • да побарате корекција или бришење на Вашите лични податоци;
  • да побарате да ја ограничиме употребата на Вашите лични податоци;
  • да ги побарате Вашите лични податоци кои сте ни ги доставиле и кои ние ќе Ви ги доставиме во структурираба читлива форма и формат (на пример, Excel табела) и правото да ги пренесете овие лични податоци на друг контролор на податоци;
  • да се спротивставите на обработката на Вашите лични податоци за одредени цели (за повеќе информации видете го делот "Вашето право да се противите на обработката на Вашите лични податоци за одредени цели");
    • Имате право да ја повлечете согласноста за користење на Вашите лични податоци, испраќајќи e-mail порака до [email protected]. Доколку ја повлечете својата согласност, тоа нема да влијае на законитоста на нашата употреба и обработка на Вашите лични податоци врз основа на Вашата согласност пред датумот на повлекување на согласноста.

Исто така, имате право да поднесете жалба до националниот надзорен орган, кој е одговорен за заштита на личните податоци во Вашата земја.

За повеќе информации во врска со Вашите права во врска со Вашите лични податоци, вклучувајќи одредени ограничувања кои се однесуваат на некои од овие права, видете ги членови од 12 до 23 GDPR, кои се наоѓаат на: https://eurlex.europa.eu/eli/reg/2016/679/oj .

10. Вашето право да се противите на обработката на Вашите лични податоци за одредени цели:

Ги имате следниве права во врска со Вашите лични податоци, кои можете да ги искористите на ист начин како што е наведено во претходниот дел (Вашите права во врска со Вашите лични податоци):

  • да се спротивставите на користењето или обработката на Вашите лични податоци каде истите ги користиме или обработуваме за спроведување на одредена задача од јавен интерес, доколку ги обработуваме Вашите лични податоци за наши легитимни интереси, вклучувајќи го и "профилирањето" (на пример, предвидување на Вашето однесување врз основа на Вашите лични податоци) врз основа на било која од овие цели;
  • Спротивставување на обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг (вклучувајќи ја и секоја автоматска проценка што ја правиме за Вас или било која од Вашите карактеристики како личност, ако е поврзана со таков директен маркетинг).

11. Измена на нашата политика за приватност

Од време на време, може да ја менуваме нашата политика за приватност. Доколку настане промена во политиката за приватност, ќе Ве информираме навремено на Вашите наведени контакти.

Доколку имаме намера да ги користиме Вашите лични податоци за нови цели, исто така, навремено ќе Ве информираме таа намера, како и за сите други важни информации, пред да ги користиме Вашите лични податоци.


Љубљана, 20.08.2024

Придружете се во нашиот панел

Заработите награди споделувајќи го Вашето мислење