Онлајн панелот Opinia.Club редовно ги наградува своите членови за нивното учество и активност. Покрај пополнувањето анкети, членовите имаат можност да освојат дополнителни награди со самото тоа што се дел од нашиот панел.
Овој пат, во рамките на акцијата „Подарок за членство, февруари 2025“, еден од членовите ќе освои вредносен ваучер од 100 евра. Добитникот ќе може да го искористи ваучерот во бензинските станици на Макпетрол, дрогериите ДМ, книжарниците Литература или онлајн продавницата Giftcards.mk.
1. ВРЕМЕТРАЕЊЕ:
„Opinia.Club подарок за членство, февруари 2025“ трае од 07.02.2025 до 15.03.2025.
2. ПОДАРОК - ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР:
1 х подарок-вредносен ваучер во вредност од 100 евра (од бензинските станици на Макпетрол, дрогериите ДМ, книжарниците Литература или онлајн продавницата Giftcards.mk).
3. ПРАВО НА УЧЕСТВО И ОПИС:
Право на учество во „Opinia.Club подарок за членство, февруари 2025“ имаат сите членови на онлајн панелот Opinia.Club на возраст од најмалку 15 години, кои се државјани на Северна Македонија. Секој член на онлајн панелот има право да учествува само еднаш. Доколку тимот на Opinia.Club утврди дека одреден член учествувал повеќе пати, тој ќе биде исклучен од панелот Opinia.Club и ќе го изгуби правото на учество во оваа активност.
4. ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДАТА:
Извлекувањето ќе се одржи по завршувањето на предвидениот рок за „Opinia.Club подарок за членство, февруари 2025“, односно на 16.03.2025 година. Извлекувањето ќе се спроведе електронски (со помош на компјутер) и добитникот ќе биде избран по случаен избор.
5. ИЗВЕСТУВАЊЕ И ОБЈАВА НА ДОБИТНИКОТ:
Добитникот ќе биде известен за наградата преку е-пошта (на адресата со која се регистрирал за членство во онлајн панелот Opinia.Club) во рок од 7 дена од денот на извлекувањето. Во истото известување, добитникот ќе добие и врска (линк) до прашалник, каде што ќе треба да ги пополни потребните податоци за преземање на подарокот.
Со среќа!